📹Ол-стар: Тајлер Хиро најдобар во брзото шутирање за три поени

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Кошаркарот на Мајами, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на НБА Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.

Тајлер Хиро се мачеше да стигне до финалето, но таму блесна и ги победи Бади Хилд и Дариус Гарланд.

Двократниот победник, Демијан Лилард не успеа да го помине ни првиот круг.

Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени, но во најважните моменти погоди две зелени топки (вредни три поени) и победи со конечни 24.

Хилд во финалето постигна 23 поени и со тоа остана без победа.

Во брзото шутирање тројки учествуваа и Џејлен Брунсон, Кејн Канингем, Кам Џонсон и Норман Пауел.

Слични содржини