📹Откако ја негираше злоупотребата на опијати, Џастин Бибер објави видео во кое алудира на употреба на дрога

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Откако вчера ги негираше гласините за тешка злоупотреба на опијати, Џастин Бибер објави ново видео во кое алудира на употреба на дрога. 30-годишниот пејач денеска објави видео во кое рапува, јаде пуканки и танцува со пријател. Во таа прилика не носел кошула, а над панталоните му се гледале боксерки. Својот стајлинг го комплетираше со сина капа.

Но, покрај необичните движења во збунувачката објава, Џастин Бибер го рапува текстот „I fly like a fly guy, I fly high like a bagpipe, I go high like a bad guy“, каде што најверојатно го користи зборот „high“ како метафора за конзумирање марихуана.

Текстовите укажуваат на тоа дека тој се чувствува како „лош дечко“, а во фигуративна смисла тие исто така може да претставуваат дека тој се смета себеси за опасен, влијателен или самоуверен.

Според PageSix, тие контактирале со неговите претставници на медиумите, но се уште не добиле коментар.

Претходно, неговиот претставник изјави дека гласините за здравствената состојба на Џастин „се исцрпувачки и патетични и покажуваат дека луѓето, и покрај очигледната вистина, се посветени на одржувањето на негативните, злобните и штетните приказни во живот“.

„Повторливата приказна дека Џастин користи тешки дроги апсолутно не е точна и пејачот е во еден од најдобрите периоди од својот живот“, изјави тој.

Тој исто така објасни дека пејачот чувствувал дека минатата година била посебна бидејќи во август станал татко. Но, обожавателите сè уште се убедени дека пејачот многу се дрогирал кога присуствувал на настанот на Rhode Skin со неговата сопруга Хејли на 18 февруари.

За време на настанот, тој носеше очила за сонце во затворен простор и чудно се движеше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Слични содржини