Парис Хилтон објави видео на Инстаграм од остатоците од нејзиниот дом во Малибу кои изгореа во пожар. Во видео клипот таа прошета низ остатоците од влезот, кој се уште стои.
„Стојам овде каде што беше нашиот дом порано и срцето ми е целосно скршено. Кога првпат ја видов оваа вест, бев во целосен шок и не можев да прифатам што се случи. Сега стојам овде и го гледам ова со моите очи се чувствувам како да ми е „скршено срце на милион парчиња“, напиша 43-годишната во описот.
„Оваа куќа не беше само место за живеење – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Да се види ова место претворено во пепел е поразително”, додаде Хилтон.
Нејзиниот дом вредел повеќе од осум милиони долари.
„Иако загубата е неизмерна, јас сум благодарна што моето семејство е безбедно. Моето срце и молитвите се со сите семејства погодени од овие пожари“, изјави претходно Хилтон.