На социјалните мрежи се појави видео од улицата „Војводе Степе“ во Белград, на кое јасно се гледа моментот кога полициските возила со трепкачки светла, распоредени на сите четири сообраќајни ленти, се упатија со голема брзина кон луѓето што ја блокираа. Граѓаните бегаа во паника за да не бидат удрени од возилата.
Студентите кои учествуваа во блокадата објавија дека 16 лица се уапсени во текот на утрото. Тие тврдат дека биле приведени под сомнение за „подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија“ и „повик за насилна промена на уставниот поредок на земјата“.
Pod punim gasom na narod. Delite ovaj snimak. Ne milion, dva miliona će mu izaći. pic.twitter.com/oGvHY2jsuF
— Špiro Seneka (@SenekaSpiro) June 30, 2025
Студентите објавија порака: „Ова не е крајот“, повикувајќи ги луѓето да дојдат во судските згради во Нови Сад денес во 8:45 часот. Тие исто така повикаа на собир „утре и задутре“ и рекоа дека блокадите ќе продолжат доколку се појават специјални полициски единици.
Во Нови Сад, протестот кулминираше со блокада на околу 15 раскрсници со импровизирани барикади направени од контејнери и огради, а студентите рекоа дека „ова не е завршено“ и дека се организирани континуирани акции пред судовите.