📹Што му шепна Барон Трамп на Бајден на инаугурацијата на неговиот татко Доналд?

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Осумнаесетгодишниот студент на Универзитетот во Њујорк, Барон Трамп, им се придружи на својата мајка Меланија и на другите деца на Доналд Трамп на неговата инаугурација во Вашингтон.

Откако Доналд положи заклетва како претседател за втор мандат, Барон беше виден како се ракува со претседателот во заминување и потпретседател Камала Харис во Ротонда на американскиот Капитол.

Сега на TikTok се појави видео на кое се гледа како Барон го фаќа за рака Бајден пред да се наведне и да му шепне нешто во увото на Бајден.

После тоа, Бајден, кој дотогаш среќно се смешкаше, се „помрачи“, а сите што го погледнаа ова вирално видео гореа од желба да дознаат што му рекол Трамп Џуниор на поранешниот американски претседател.

Видеото веќе го погледнале 500.000 луѓе на TikTok, а некои од коментарите беа:

„Изгледа како да рече: „You’re done“, напиша еден корисник на TikTok, пренесе Daily Mail.

Слични содржини