Бешикташ го реши тренерското прашање.
По раскинувањето на соработката со Џовани ван Бронхорст, тимот го предводеше Сердар Топрактепе, а клубот во петокот објави дека започнал преговори со Оле Гунар Солскјер. Започна и заврши.
Претседателот на Бешикташ Сердар Адали бараше и најде решение во доведување странски тренер.
First interview of Ole Gunnar Solskjaer. 🎙️#EagleOfTheNorth pic.twitter.com/yoOReIAgi4
— Beşiktaş EN (@BesiktasEnglish) January 17, 2025
„Клубот започна преговори со Оле Гунар Солскјер за местото тренер на првиот тим“, се вели во кусото соопштение на Бешикташ објавено во петокот наутро.
До ручек се беше готово.
Како што објавија бројни медиуми, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед прифатил договор на една и пол година – до јули 2026 година.
По 18 одиграни натпревари, Бешикташ е на шестото место во поредокот, со 30 бодови, исто колку и повисокопласираниот Ејуп.
Сезонава Бешикташ забележа осум победи, шест нерешени и четири порази.