Познатиот француски музички продуцент и диџеј, диџеј Снејк, присуствуваше на натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде што српскиот тенисер се квалификуваше во полуфиналето победувајќи го Александар Зверев со 3:1.
По натпреварот, Ѓоковиќ го изрази своето задоволство што го виде диџејот на трибините и му се заблагодари за поддршката, велејќи: „Ти благодарам што дојде“, му рече Новак Ѓоковиќ, на што диџеј Снејк рече дека му е прв пат.
„Нема шанса“, додаде Ѓоковиќ и најави дека ќе му се оддолжи со тоа што ќе дојде на еден од неговите настапи.
.@DjokerNole 🤝 @djsnake #RolandGarros pic.twitter.com/wg3NvTy1NX
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 5, 2025
Двајцата неодамна ја прославија заедно победата на ПСЖ во Лигата на шампионите, што дополнително го потврдува нивното пријателство.
Диџеј Снејк, чие вистинско име е Вилијам Сами Етјен Григасин, е француско-алжирски диџеј и продуцент. Тој е познат по своите придонеси во електронската музика, особено во жанровите EDM, трап, мумбатон и дабстеп.
Тој е познат по своите соработки со бројни глобални ѕвезди, вклучувајќи ги Дипло, Скрилекс, Мејџор Лејзер, Лејди Гага и многу други.
Неговата музика често се користи во филмови, реклами и спортски настани, а неговите песни имаат милијарди прегледи на YouTube.