15
Тимот на Шекил О’Нил е победник на Ол-стар турнирот во НБА, откако утринава во финалето во Сан Франциско го совлада тимот на Чарлс Баркли со 41:25.
Најефикасен кај победничкиот тим беше кошаркарот на Бостон, Џејсон Тејтум со 15 поени, додека играчот на Голден Стејт Стивен Кари додаде 12.
Најдобар во поразениот тим беше центарот на Сан Антонио Виктор Вембањама со 11 поени.