📹Во контранападот во Курск, руската армија падна во сопствената замка

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Руски сили, веројатно од 15-та бригада, викендов извршија контранапад против украинските сили во областа Курск, а потоа претрпеа сериозно понижување, пишува „Форбс“.

Цел на нападот било селото Плехово, на јужниот раб на делот од регионот под украинска окупација. Нападот не само што беше неуспешен, туку и заврши на речиси неверојатно ироничен начин. Руската колона се заглави во противтенковски стапици (ровови и редови бетонски пречки) изградени од самите Руси пред украинската инвазија на Курск.

Надвор од селото има две одбранбени структури изградени од Русите: противтенковски стапици и блискиот комплекс на пешадиски ровови. Додека Русите се мачеа да ги пробијат противтенковските замки, 129-та бригада за територијална одбрана на Украина испрати експлозивни беспилотни летала кон нив.

Руската одбрана која помогна да се спречи последниот руски напад можеше да биде сериозна пречка и за украинска инвазија – но не беше. Руските разузнавачки податоци покажуваат дека одбраната во близина на селото се состоела од неколку водови и најмалку една чета, вкупно околу неколку стотици војници.

Сепак, тие беа фатени од изненадувачки напад на Украина на 6 август и не успеаја да го распоредат своето значително вооружување пред да бидат нападнати од украинските механизирани сили.

Така, противтенковски стапици и ровови паднаа под контрола на Украина. За разлика од Русите, украинските војници од 129-та бригада за територијална одбрана очекуваа контранапад и беа подготвени за тоа.

-Треба да се пофалат руските инженери кои ја изградија одбраната околу Плехово: тие го постигнаа она што требаше, односно го забавија нападот на непријателот доволно долго за бранителите да го искористат своето најдобро оружје, соопштија од руска страна.

Оваа информација, сепак, е мала утеха за Русите кои се заглавени во сопствената стапица.

Слични содржини