📹Вокер слета во Милано

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од англискиот десен бек Кајл Вокер кој пристигнува во северна Италија, каде ќе игра за Милан како позајмен од Манчестер Сити.

И претходно беше познато дека „росонерите“ ќе имаат застрашувачки одбранбен тандем (Тео Ернандез лево), а исто така беше познато дека Милан ќе има опција да го откупи договорот – потенцијално за три години.

Иако 34-годишниот фудбалер со потекло од Шефилд го нема својот удел од успехот во англиското првенство во последно време, нема дилема дека седумкратниот европски првак ќе има корист од доаѓањето на интернационалецот од Албион поради брзината и искуството на Вокер.

Италијанскиот трансфер инсајдер Николо Шира изјави дека англискиот ветеран ќе заработува четири милиони евра по сезона на Сан Сиро – без бонуси.

Вокер наводно одбил профитабилна понуда од Саудиска Арабија да се испроба во Серија А со Милан, кој веќе има трио англиски играчи: Рубен Лофтус-Чик, Фикајо Томори и Тами Абрахам.

Вокер освои 17 трофеи со Сити – вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Тој во клубот пристигна од Тотенхем во 2017 година за 50 милиони фунти.

Како англиски репрезентативец, Вокер играше во финалето на Евро 2021 година, каде домашната екипа загуби од Италија на пенали, како и во минатото лето, каде триумфираше Шпанија.

Слични содржини