📹Вучиќ: За да купат стан од 75.000 евра, младите ќе плаќаат учество од само 1.000 евра

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на младите ќе им треба само 1.000 евра учество за да купат стан од 75.000 евра.

Вучиќ ја објави веста на профилот „budućnostsrbijeav“ на Инстаграм.

„Фантастични вести за младите“, изјави Вучиќ.

Тој истакна дека од сите работи што ги кажал на конференцијата во средата вечерта, идејата за домување за млади доби најголемо внимание во јавноста и огромен интерес.

„Многу работи се уште не им се целосно јасни на луѓето, останува да ги завршиме сите процедури. Но, една, можеби најважна работа. Зборувајќи и примајќи пораки преку социјалните мрежи од многу млади луѓе, сфатив дека и тоа ниво од 2.250 евра за стан од 75.000 евра мора да биде помало“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека побарал од министерот за финансии и од Владата на Србија да најдат решение и добил ветување дека тоа решение ќе го најдат до крајот на денот, нагласувајќи дека нивото на партиципација за стан со просечна вредност од 75.000 евра мора да биде помала од 1.000 евра.

„Значи, тоа што треба да го платите – 1.000 евра, со сите трошоци за обработка, не може да надмине 1.400 евра, толку е, и станот е ваш. Ќе ги зголемиме субвенциите за каматите да останат исти како што кажав. Значи, 122 евра првата година, до 200 евра до крајот на шестата година и 333 евра потоа“, рече Вучиќ.

Слични содржини