Официјално започна ерата на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, судејќи по снмките кои се најдоа на социјалните мрежи на Австралија Опен. Српскиот тенисер пристигна во Мелбурн на својот омилен Гренд слем, откако неодамна беше поразен во Бризбејн, а веќе го одработи првиот тренинг со својот нов тренер.
Поранешниот британски тенисер не беше во „боксот“ на Новак за време на „подготвителниот турнир“ во Бризбејн, бидејќи беше на одмор, додека сега по краткото патување е подготвен да му помогне на Ѓоковиќ во походот по 25. Гренд слем турнир.
Објективот на камерата ги сними Ѓоковиќ и Мареј на нивниот прв тренинг во Мелбурн, па официјалните канали на Австралија опен го споделија видеото и открија дел од почетокот на соработката на двајцата големи пријатели, додека на другата страна на мрежата беше Џејк Дрејпер во улога на спаринг партнер.
What we have all been waiting for…
Andy Murray has arrived in Melbourne to begin his partnership with Novak Djokovic 🤝#AO2025 pic.twitter.com/sk8tf4CwiM
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 7, 2025
Австралија опен се игра од 12 до 26 јануари.
Титулата ја брани српскиот претставник, кој во Мелбурн ќе се обиде да го освои 11. трофеј.