📹Зверев: Ѓоковиќ вети дека ќе ми биде тренер…

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев одиграа егзибициски меч во „Род Лејвер Арената“ пред почетокот на Австралија опен.

Познато е дека Србинот и Германецот имаат одлични односи, а тоа се виде и во разговорот по натпреварот. Овој пат во центарот на вниманието беше Зверев.

На прашањето што мисли кога дозна дека Мареј ќе биде тренер на Ѓоковиќ, светскиот рекет број два се насмеа и рече.

„Сра*е“, што го насмеа и Новак Ѓоковиќ.

После тоа тој даде интересна изјава.

„Новак и јас имавме договор кога ќе ја заврши кариерата да ми биде тренер најмалку една година. Меѓутоа, бидејќи тој ја одложува пензијата, изгледа јас ќе се повлечам пред него, па нема да има потреба тој да ми биде тренер“, заклучи Зверев.

Слични содржини