Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје одговори на прашање на советник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за тоа зошто не се набавени нови автобуси.
„Советник од партијата на власт, откако 4 години неговата партија во Советот на град Скопје гласа против набавка на нови автобуси за замена за дотрајаните, прашува зошто нема нови автобуси во ЈСП. Поради ВАС нема квалитетен јавен превоз и нови автобуси и тоа сите го знаат, тоа не можете да го изманипулирате со ниту еден напад, ни да го скриете со ПР кампања“, сподели Арсовска.