📽️Без плата три месеци и со олдтајмер стар 38 години: Еве како вработени во „Национални шуми“ се справуваат со пожарите

од Nikola Popovski
163 прегледи

Екипа на ЈП „Национални Шуми“ која учествува во гасењето на еден од пожарите во земјава, од Демир Капија до планината Серта дошла со теренско возило старо 38 години. Ова денеска го обелодени првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Раководителот на подружницата на „Национални шуми“ од Демир Капија информира дека возилото е произведено во 1986 година.

-Прекрасен олдтајмер, но верувам дека овие луѓе треба да гасат со понови и подобри возила. Верувам дека на пазарот на олдтајмери може да достигне повисока цена, но неговата функција во совладувањето со шумските пожари е значително намалена и покорисно би било некое поново возило, рече Ангелов во своето видео-обраќање.

Како што информира раководителот, последната плата ја земале во месец април. Ангелов му се заблагодари за пожртвуваноста и верува дека актуелната Влада ќе посвети внимание, за да се надминат ваквите состојби во ЈП „Национални шуми“.

Пред неколку дена во дебатна емисија, првиот човек на ЦУК информираше дека претпријатието е уништено.

-Ние пред еден месец добивме меил од нив во кој нè известија дека поради блокирана сметка не можат да набават гориво и да не сметаме на нивните гасначи, на нивните пожарникари. Тоа е неодговорно и недозволиво поведение. Оние кои имаат задача да го дадат првиот одговор во шума, нè известија „ние немаме гориво и нема да гаснеме, изјави Ангелов.

Слични содржини