Лос Анџелес Лејкерс синоќа беа поразени од Милвоки Бакс со резултат 89:118 во натпревар во кој не можеа да сметаат на тројцата најдобри играчи Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и Остин Ривс, па поради тоа синот на Леброн, Брони Џејмс, ја доби досега најголемата шанса во НБА лигата и најдобро ја искористи за да се истакне.
Брони влезе во овој натпревар со просел од 1,6 поени, 0,5 скока и 0,4 асистенции за помалку од пет минути игра по натпревар, а синоќа постави личен максимум во неколку статистички категории.
Одигра 30 минути, веројатно најмногу во кариерата и ги искористи за да постави лични рекорди во поени (17), асистенции (5) и скокови (3), покажувајќи дека не е само „татин син“, туку дека поседува кошаркарско знаење достојно за НБА.
Покрај Џејмс, Далтон Кнехт исто така постигна 17 поени за Лејкерси, додека на спротивната страна Јанис Антетокунмпо постигна 28 поени и забележа 7 скока.