Фудбалската репрезентација на Португалија од 18.00 часот играат против Турција, во второто коло од групната фаза на Европското првенство во Германија.
Португалците подобро го започнаа натпреварот, што успеаја да го искористат најпрвин во 21. минута, а потоа во 29. минута се виде нешто за што долго ќе се зборува.
Имено, Турците практично му подарија гол на својот ривал, со еден од најбизарните автоголови досега во историјата на завршните турнири.
По еден контранапад на Португалија, топката дојде до дефанзивецот Самет Акајдин, кој без да погледне каде е неговиот голман, испрати додавање кон голот, а бидејќи Бајиндир не беше на линијата, топката помина покрај него и влезе во голот.
Еден од дефанзивците успеа да стигне до топката, но веќе беше доцна, со оглед дека таа целосно ја мина гол-линијата, што беше сигнализирано од гол-технологијата.
🚨 GOAL: Turkey 0-2 Portugal!
WHAT A MASSIVE MISTAKE BY TURKEY! 🇵🇹 pic.twitter.com/XMyyvC7kEP
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 22, 2024
Претходно Бернардо Силва ѝ донесе водство на Португалија, откако Нуно Мендеш се проби од крилната позиција и испрати додавање во шеснаесетникот, по што Силва натрча и ја внесе топката во мрежата.