📽️Дали Јокиќ е најдобриот странец досега во НБА? Легендарниот Баркли нема дилема

од Nikola Popovski
185 прегледи

Легендарниот НБА играч Чарлс Баркли гостуваше во подкастот „Club Shay Shay“, во кој изјави дека српскиот кошаркар Никола Јокиќ е најдобриот странец кој некогаш играл во НБА.

„Дирк Новицки беше најдобриот странски играч во целата историја на НБА, но се додека не дојде Јокиќ. Мислам дека Денвер ќе ја одбрани титулата“, рекол меѓу другото Сер Чарлс.

Иако Денвер беше поразен од Минесота во првиот дуел од втората рунда од плеј-офот на Западот, сепак Јокиќ е прв фаворит за титулата најкорисен играч на НБА во регуларната сезона.

Српскиот кошаркар беше МВП на регуларниот дел од сезоната во 2021 и 2022 година, а минатата година таа титула ја понесе Џоел Ембид. Бројни експерти и поранешни играчи и тренери тогаш тврдеа дека кошаркарот од Србија требало да ја добие и третата награда по ред.

Да потсетиме, Јокиќ минатата година ја освои титулата во НБА со своите Нагетс, а беше прогласен за МВП на финалето. Тој исто така се појави на НБА Ол-стар натпреварите и тоа шест пати од 2019 до 2024 година.

Слични содржини