📽️ДВА ПАРАЛЕЛНИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО РУСИЈА: Пукале кон црква и синагога, нападнат и полициски пункт

од Nikola Popovski
516 прегледи

Непознати напаѓачи нападнале православна црква и синагога во Дербент, Дагестан, по што отвориле оган врз полицијата. Речиси во исто време бил нападнат контролен пункт на сообраќајната полиција во Махачкала.

Напаѓачите пукале со автоматско оружје во синагога и црква во Дербент, изјавила шефицата на прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, Гајана Гариева.

„Според информациите од дежурното одделение на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, околу 18:00 часот (по локално време) во Дербент, непознати лица пукале од автоматско оружје кон синагога и црква“, соопштила таа.

Пријавените побегнале со бело „фолксваген поло“ со регистарски број 921.

Речиси во исто време во Махачкала непознати лица ја нападнале станицата на сообраќајната полиција на улицата „Ермошкина“.

Според тамошното МВР, загинал еден полицаец, а шестмина се повредени. Прелиминарно, меѓу цивилното население нема жртви или повредени.

Слични содржини