📽️Грабеж во манастирот „Успение на Пресвета Богоридица“, сè било снимено од камерите

од Nikola Popovski
77 прегледи

Пред два дена бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во општина Кривогаштани. На официјалната Фејсбук-страница на манастирот објавена е и снимка од кражбата на која се гледа како маж со фантомка ги собира парите.

-Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, стои во објавата на манастирот.

Оттаму споделија и фотографија од лице за кое постои сомневање дека го извршило грабежот, со повик до јавноста да помогне во неговата идентификација.

-Почитувани, доколку некој го понава лицето на фотографијата, ве молиме известете го манастирскиот одбор, додаваат од манастирот.

Црквите и манастрите во земјава се често мета на крадци и вандали.

Слични содржини