480
Фатон Хајризи кој усмрти еден српски полицаец, а рани друг, денеска беше погребан во Горна Клина во општина Србица, Косово.
Хајризи беше убиен на 19 јули во судир со српската полиција кај Лозница, откако уби еден полицаец и рани друг.
По повод погребот на Хајризи, главните патишта во Горна Клина биле украсени со знамиња на Косово и знамиња на ОВК, пренесува „Газета експрес“.
Хајризи најмалку три пати бил осудуван за убиство, обид за убиство, кражба и разбојништво.
Тој на 6 јули избега од затворот од „отворен тип“ во Смрековница кај Вучитрн каде бил последните неколку месеци.