Најмалку две лица загинаа кога мал авион принудно слетал на меѓудржавниот автопат 75 во американската сојузна држава Флорида и се запалил откако се судрил со возило, соопштија локалните власти.
Американската федерална управа за авијација соопшти дека авионот бил од типот „Bombardier Challenger 600“ и превезувал пет лица, пренесува „Reuters“.
Не е јасно дали загинатите се од авионот или од возилото, изјави Адам Фишер, портпарол на канцеларијата на шерифот на округот Колиер.
🔥🚨BREAKING: There was a plane crash in Naples Florida. Credit @.JobaRobinson pic.twitter.com/tXH69uR8mC
— Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) February 9, 2024
Авионот полетал од Колумбус, Охајо, а пилотот се обидел да слета на аеродромот во Нејплс, Флорида, но наводно ѝ соопштил на контролата на летање дека двата мотори престанале да работат и дека тој не можел да стигне до аеродромот, објави телевизијата „WPLG“.