📽️„ИМЕ? ВЕДНАШ КАЖИ МИ ГО ИМЕТО“: Драматичниот упад на израелските командоси во куќата во која Хамас држеше заложници

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Израелската полиција објави видео од акцијата на антитерористичката единица која упадна во куќа во Појасот Газа за да ги спаси заложниците кои ги држеше Хамас. Застрашувачкото видео од прво лице ги прикажува членовите на единицата Џамам како се движат низ дрвја додека се приближуваат до куќата во која биле држени тројцата мажи киднапирани од Хамас на 7-ми октомври минатата година.

Командосите ја отвориле вратата со нозе за да влезат во објектот за кој Израел подоцна соопшти дека му припаѓал на новинарот од Газа, Абдалах Аљамал. Тие стапиле во контакт со заложниците кои се идентификувале додека се криеле во аголот на собата среде интензивната престрелка која се одвивала надвор.

– Името? Кажи ми го името, викнал еден член на израелските специјални сили.

– Алмог, кажал младиот човек.

– Андреј, одговорил друг.

https://twitter.com/Pluton45873221/status/1800631250450784323?ref_src=twsrc%5Etfw

Одекнала експлозија која го прекинала разговорот, по што еден од специјалците со тупаница го удрил заложникот за да го смири и да го увери дека ќе бидат вратени во Израел.

– Дојдовме да ве спасиме! Се ќе биде добро, им соопштил израелскиот командос.

Спасувачката операција ја извршиле специјалните сили Џамам заедно со израелските одбранбени сили и разузнавачката служба Шин Бет.

Спасувачката екипа ја спасила и Ноа Аргамани (26) кој бил на друга локација. Аргамани стана позната по шокантното видео на кое се гледа како милитантите ја одведуваат од музички фестивал на 7 октомври. Спасени се и Алмог Меир (21) и Шломи Жив (40), како и рускиот државјанин Андреј Козлов (27).

Хамас објави дека за време на акцијата биле убиени 274 лица.

Слични содржини