📽️Капка што ја прелеа чашата: „Протече“ снимка како Енрике го навредува Мбапе…

од Nikola Popovski
61 прегледи

Се појави досега невидена снимка на која Луис Енрике го критикува Килијан Мбапе за време на тактичка анализа во неговата последна сезона во ПСЖ.

Килијан Мбапе (25) повеќе не е член на францускиот клуб, откако на крајот од минатата сезона како слободен играч замина во Реал Мадрид. Неговото заминување беше доста бурно, а напаѓачот сè уште беше во спор со ПСЖ околу наводни неисплатени плати, поврзани со неговата одлука да се пресели во Мадрид наместо да остане на Паркот на принцовите.

Нивниот однос не бил отсекогаш идеален, а извештаите минатата сезона тврдеа дека Килијан Мбапе го нарекол Луис Енрике „кучкин син“ откако бил заменет на натпревар во април. Сепак, Енрике по неговото заминување изјави дека му посакува се најдобро и изрази жалење што ПСЖ не успеал да го задржи францускиот напаѓач.

„Се надевам дека сè ќе биде добро за него. Немам ништо против него. Секогаш се трудевме да ги подобриме неговите доблести и да ги скриеме неговите маани. Беше исклучително пристоен, како и неговото семејство“, изјавил шпанскиот стратег минатиот месец.

Снимките кои сега се појавија, споделени на социјалните мрежи од „Movistar“, покажуваат напнат разговое помеѓу Мбапе и Енрике. На снимката се гледа како Енрике води тактичка сесија со Мбапе, за која се верува дека се случила по поразот на ПСЖ во Лигата на шампионите од Барселона, иако Парижаните поминаа понатаму во двомечот.

„Прочитав дека ти се допаѓа Мајкл Џордан? Џордан играше одбрана како кучкин син!“ Се гледа како Енрике постојано покажува со прст кон Мбапе, додека напаѓачот молчи.

Подоцна во разговорот, Енрике го ублажува својот тон и го нарекува Мбапе „феномен, светска класа“.

Мбапе на крајот одговара кратко, прифаќајќи го советот, пред да го напушти кадарот.

ПСЖ беше исфрлен во полуфиналето на Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд подоцна истата сезона, додека Реал Мадрид го освои трофејот со победата над Дортмунд. Мбапе се приклучи на Мадрид неколку недели подоцна.

Слични содржини