📽️Косовската полиција уапси четворица млади од српска националност

од Nikola Popovski
167 прегледи

Во северниот дел на Косовска Митровица, околу полноќ уапсени се четворица млади момчиња од српска националност. Шефот на оперативната полиција за северниот регион, Петрит Фејза го потврдил апсењето и додал дека лицата се уште се во притвор. Се товарат за напад на овластено службено лице.

Според РТС, Фејза тврди дека младите, од кои тројца биле под дејство на алкохол, навредувале и нападнале двајца полицајци на шеталиштето во Северна Митровица и дека еден од полицајците бил повреден.

-Уапсените Срби ќе добијат 48 часа притвор и ќе бидат предадени на обвинителот за понатамошна постапка, изјавил Фејза за медиумите.

Претседателот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ, соопштил дека при апсењето полицијата употребила сила.

„Полицијата 10 минути ги тепала младите“, пренесува Арсенијевиќ.

На објавената снимка може да се види како еден од младите е уапсен од полицаец, вооружен со пушка.

Слични содржини