📽️Маѓар проговори за екстрадиција на Груевски

Петер Маѓар, победникот на синоќешните избори во Унгарија, навести можно екстрадирање на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија

од Vladimir Zorba
86 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ 21

Петер Маѓар, победникот на синоќешните избори во Унгарија, навести можно екстрадирање на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали ќe ги екстрадира Зиобро и Романовски, поранешен министер и заменик министер за правда во Полска, Маѓар освен нив го спомена и поранешниот македонски премиер.

„Не треба да купуваат мебел во Унгарија во ИКЕА, затоа што нема да останат долго. Унгарија нема да биде азил за меѓународни криминалци. Тоа не се однесува само на нив, туку и на господин Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија, кој исто така е престапник“, најави Петер Маѓар, иден премиер на Унгарија.

Еве што вели идниот унгарски премиер на тема Груевски:

Слични содржини