📽️Мајли Сајрус и Фарел Вилијамс објавија дует

од Nikola Popovski

Неколку дена пред пејачката Мајли Сајрус да го привлече вниманието на Греми наградите, освојувајќи две статуетки, сличен успех постигна и Фарел Вилијамс, но од сосема друга причина. Тој најави биографски филм, наречен „Piece by Piece“, кој ќе ја открие приказната за подемот на еден од најголемите музички генијалци на денешницата, но на уникатен начин – преку анимиран LEGO филм.

Овие два исклучителни таленти, кои претходно веќе успешно соработуваа, повторно се здружија. Пејачот пред неколку дена на својот Инстаграм сподели кратко видео со познатата песна „Doctor (Work It Out)“ во позадина. Неодамна на истата социјална мрежа и Мајли Сајрус го објави насловот на новиот сингл, како и видео во кое ја пее песната. Секако, главна ѕвезда е Мајли, која го канализирала духот на Тина Тарнер со пунџа на косата, краток фустан со светки и препознатливи танцови движења.

По доделувањето на Греми, јавноста се радуваше на фигурата на Мајли и нејзината фитнес рутина преку пилатес, а откако ќе го погледнете ова видео ќе ви стане јасно зошто.

Слични содржини