33
Македонското еколошко друштво (МЕД) информира дека успеа да лоцира уште еден балкански рис.
-Станува збор за млада женка, која ја крстивме Зора. Тешка е 15,5 килограми. Ова е 15-от балкански рис на кој МЕД му постави околувратник, преку кој собираме драгоцени информции кои ни помагаат за закрепнувањето на овој наш најдраг подвид, обjавија од Друштвото.
Видеото можете да го видите на следниот ЛИНК.
Инаку, балканскиот рис се наоѓа на врвот на синџирот на исхрана и претставува регулатор на други животински животни во неговата средина. Ако рисот исчезне, тоа може да доведе до огромни и непредвидливи промени во природниот екосистем.
Затоа МЕД веќе скоро 20 години го следат рисот.