Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Штутгарт, но не беше задоволна од судењето за време на четвртфиналниот меч.
Сабаленка ја победи Елисе Мертенс со 6:4, 6:1, но заостануваше со 4:3 во првиот сет, откако го загуби својот сервис во седмиот гем. Главната судијка во еден момент, Миријам Блеј, одлучи дека нејзиното топче е во аут, со што Белорусинката не се согласи.
Сабаленка потоа направи бизарен потег. Таа веднаш отишла на другата страна од теренот, каде со мобилниот телефон го фотографирала трагот на топчето.
Оваа ситуација потсети на познатата случка од 2013 година, кога српскиот тенисер Виктор Троицки го доведе камерманот во Рим за да го сними контроверзниот траг на топчето на подлогата.
Во полуфиналето на турнирот, Сабаленка во недела ќе игра со Јасмин Паолини.