📽️Неверојатна снимка од Либан: Погледнете како изгледал Бејрут точно во моментот на нападот со пејџерите

од Nikola Popovski
204 прегледи

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимала директен пренос на панорамата на Бејрут, главниот либански град, кога точно во 15 часот и 30 минути биле активирани бројните пејџери со вградени експлозивни направи.

Драматичното, забрзано видео од градот покажува големи облаци од густ, сив чад кои се појавуваат на неколку различни локации.

Пејџерите биле активирани во автомобили, станови, маркети и продавници, пренесува „Јутарњи лист“.

Според извори на „Њујорк Тајмс“, „BAC Consulting“, со седиште во Будимпешта, која служела како покритие за израелската разузнавачка агенција Мосад, наводно е одговорна за инсталирање експлозиви во бројни пејџери што ги користи терористичката организација Хезболах.

Слични содржини