📽️Незамисливи сцени на Сан Сиро: Новиот тренер за малку ќе се степаше со капитенот по големиот пресврт

од Nikola Popovski
86 прегледи

Милан направи неверојатен пресврт и ја победи Парма со 3:2, но по мечот на Сан Сиро изби скандал меѓу тренерот на „росонерите“ Серхио Консеикао и капитенот на клубот Давиде Калабрија.

Милан победи против Парма во драматичен финиш, со гол во судиското надополнување, но она што се случи по последниот судиски свиреж го засени успехот на италијанскиот гигант.

Тренерот Серхио Консеикао и капитенот Давиде Калабрија влегле во вербална расправија која за малку ќе прераснала во физичка пресметка. Камерите снимија жестока расправија на теренот на Сан Сиро. Консеикао дотрча до Калабрија за да му објасни нешто, што прерасна во размена на остри зборови.

Фудбалерите на Милан мораа да интервенираат за да спречат дополнително ескалирање на ситуацијата. Го разделија тренерот од капитенот, но, сигурно е дека ваквите сцени ќе имаат свои последици.

Давиде Калабрија на овој натпревар одигра 77 минути, по што беше заменет од Лука Јовиќ. Калабрија целата своја кариера ја помина во Милан. Ги помина сите младински селекции на клубот, а член на првиот тим стана во 2015 година. Тој е капитен од сезоната 2022/2023, а за Милан досега одигра 272 натпревари, постигнувајќи 10 гола и 21 асистенција.

Слични содржини