📽️„Панцир-С1“ на Кадиров го соборил азербејџанскиот патнички авион?

од Nikola Popovski
228 прегледи

Мистеријата околу соборувањето на азербејџанскиот патнички авион на пат кон главниот град на Чеченија се разоткрива, а има се повеќе докази дека бил соборен од чеченските противвоздушни сили.

Токму кога авионот се приближувл до Грозни, во регионот бил издадено предупредување за воздушен напад поради беспилотните летала „камикази“, поради што била ангажирана руската противвоздушна одбрана.

Постојат сомневања дека авионот „Ембраер“ по грешка бил идентификуван како украинско беспилотно летало, поради што ракетата земја-воздух од системот за воздушна одбрана „Панцир-С1“ била истрелана од регионот Наурски во Чеченија.

Веројатно е дека силите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја испукале ракетата која го погодила авионот.

Комуникацијата меѓу пилотите и контролата на летање ја покажува драмата што се одвивала на небото над Казахстан.

Пилотот во 08:16 часот пријавил дека има проблеми со контролата на леталото и дека се сомнева како дошло до судар со јато птици. Најпрво се упатил кон аеродром во Русија, но набрзо издал предупредување: „Не можам да издржам, имам висок притисок во кабината. Мојот авион ја губи контролата“.

Откако контролата на летање соопштила дека не може добро да воспостави контакт со екипажот, авионот исчезнал од радарот речиси 37 минути, за повторно да се појави кога се обидува да слета во Казахстан.

На руските канали на Телеграм се наведува дека во близина на авионот експлодирала ракета истрелана од системи за противвоздушна одбрана, бидејќи системот „Панцир“ соборувал се што е на небото над Чеченија.

Слични содржини