📽️Повторно се вее македонското знаме на врвот на Кораб

од Nikola Popovski
68 прегледи

Повторно е вратено македонското знаме на врвот на планината Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето, односно од лице како го поставува на врвот Голем Кораб.

-Македонија секогаш имала храбри синови, стои во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Мк Пиреј (@mk.pirej)

Ова следува откако група на албански планинари викендов го тргнале македонското знаме од врвот на планината Кораб и поставиле албанско.

„Кораб е на Албанија и нема место за македонското знаме“, напишал извесен Изет Шулку на својот Фејсбук профил, споделувајќи видео од настанот што може да се толкува како провокација.

Вчера се огласија и од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на македонската полиција се вели дека се работи за лице кое не е жител на Македонија.

„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, објавија од МВР.

Слични содржини