📽️Повторно уапсена Грета Тунберг, објавена снимка од приведувањето

од Nikola Popovski
198 прегледи

Активистката за заштита на животната средина Грета Тунберг (21) била меѓу десетиците демонстранти кои биле уапсени денеска поради блокирање на пат во Брисел, на демонстрациите против субвенциите за фосилни горива.

Новинар на АФП ја видел Тунберг, која претходно била приведена поради граѓанска непослушност на протестите во различни земји, кога полицијата ја одвела откако одбила да ги напушти блокадите, пренесува РСЕ. Таа смирено го прифатила сето тоа и не се спротивставила.

Грета била дел од помалата група демонстранти кои се одделиле од маршот организиран од движењето Обединети за климатска правда. Демонстрантите биле опколени од полицијата, а неколкумина биле уапсени, додека присутните скандираа „не сте сами“ додека биле приведувани..

На собирот беше упатен апел до Европската унија да ги прекине субвенциите за фосилни горива, со цел да ја постигне својата амбициозна цел – континентот да го направи јаглеродно неутрален до 2050 година.

„Тоа нема да се случи без итен прекин на субвенциите за фосилни горива“, напишале климатските активисти, научници и економисти во отвореното писмо до лидерите на ЕУ.

Слични содржини