📽️Скандал на Роналдо, избриша противнички дрес од гениталиите

од Nikola Popovski
290 прегледи

Кристијано Роналдо е познат како некој кој не сака да губи, што не е спорно, но при поразите, тој често воопшто не се однесува џентлменски, што често ги надминува границите на добриот вкус.

Така беше и по финалето на пријателскиот Куп на Ријад, во кој Ал Наср на Роналдо беше поразен од Ал Хилал со 2:0.

Португалецот беше еден од најлошо оценетите фудбалери на теренот, не можеше да постигне гол, па беше крајно исфрустриран по натпреварот. При излегувањето од теренот, еден од навивачите фрли дрес на Ал Хилал пред Кристијано, а Роналдо го подигна и со него си ги избриша гениталиите, пред да го фрли.

Португалецот и пред тоа беше во расправија со навивачите на Ал Хилал, кои му скандираа „Меси, Меси“.

„Јас сум тука, не Меси“, им одговори Роналдо.