Полицијата го уби лицето кој рано утринава во Њу Орлеанс со голема брзина влетал со камион во толпа луѓе за време на новогодишната прослава и уби 10 лица, а повеќе од 30 се повредени. Нападот се случил во 3 часот и 15 минути.
Градоначалникот на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел информирал дека се работи за терористички напад. Американското Федерално биро за истраги соопшти дека на местото на нападот била пронајдена импровизирана експлозивна направа.
Двајца полицајци се ранети откако возачот на камионот излегол од возилото и отворил оган врз нив. Состојбата на полицајците е стабилна, пренесува АП.
Градот Њу Орлеанс, опишувајќи го настанот како „инцидент со масовни жртви“, соопшти дека возилото удрило во голем број луѓе на улиците Канал и Бурбон.
Tonight’s Terrorist Attack on Bourbon St in New Orleans pic.twitter.com/No6hmXrpH6
— God-fearing Atheist (@FearingAtheist) January 1, 2025
Полицијата се уште не го прецизирала вкупниот број на повредени или убиени по инцидентот. Улицата Бурбон, позната по бројните барови и клубови, моментално е затворена.
Осомничениот кој уби најмалку 10 и повреди 30 кога со својот автомобил влета во толпа во Њу Орлеанс најверојатно е мртов, изјави денеска федерален претставник на органите на редот, додека ФБИ соопшти дека по нападот пронашла експлозивна направа. Бил усмртен во престрелка со полицијата.