Украинската воена разузнавачка агенција (УВР) започна специјална операција во Покровск, под команда на шефот на УВР, Кирил Буданов, објави „Киев Индепендент“. Во петокот, „Ројтерс“ објави дека операцијата започнала претходно оваа недела, кога украинските специјални сили слетале од хеликоптери „Блек Хок“ во области под зголемена руска активност.
На видеото што го добиле, наводно се гледаат најмалку десет војници како излегуваат на отворено поле. Локацијата и датумот на снимката не се независно потврдени. Извори запознаени со ситуацијата тврдат дека војниците влегле во делови од Покровск за кои руските команданти претходно тврдеа дека ги контролираат.
Руското Министерство за одбрана објави во саботата дека нападот е спречен.
– Сите 11 членови кои се симнале од хеликоптерот се убиени – објавија на Телеграм, иако Украина ги негираше нивните тврдења.
Ukrainian’s Airdropping troops in Pokrovsk via helicopter, This is big.
Russians are facing some challenging times on ever aspect.
NEVER, EVER, Underestimate the Ukranians. pic.twitter.com/nc47hiww57
— Bricktop_NAFO (@Bricktop_NAFO) October 31, 2025
Порталот „Антикор“ исто така објави дека Буданов лично ја водел операцијата во областа Покровск, наведувајќи дека ова се совпаѓа со изјавата на Андриј Ткачук, мајор на вооружените сили на Украина, кој објави дека „Буданов бил виден со специјалните сили на ДИУ на пат кон Покровск“.
Новинарот на „Економист“, Оливер Керол, сподели непотврдено видео за кое вели дека покажува хеликоптер како слетува на територија контролирана од Русија во близина на Покровск. Тој додава дека „слушнал дека спроведуваат контраофанзива со цел повторно да ги отворат клучните логистички рути“.
Покровск е важна патна и железничка раскрсница во источна Украина. Неговото целосно заземање би можело да овозможи понатамошно напредување на Русија подлабоко во регионот Донецк, регион што Москва се обидува целосно да го окупира од почетокот на војната против Украина во 2014 година.
За време на посетата на воена болница во Москва, рускиот претседател Владимир Путин потврди дека Покровск и градот Купјанск во регионот Харков се опколени. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно призна дека ситуацијата во Покровск е тешка, но нагласи дека украинските трупи не се опколени.