📽️Вардар најверојатно со службени бодови ќе се врати од Охрид откако тимот на Воска се повлече по спорниот гол

од Nikola Popovski
52 прегледи

Мечот од Првата македонската фудбалска лига меѓу Воска и Вардар не го дочека својот крај откако домашните фудбалери се повлекоа од теренот во 76-тата минута. Причината е незадоволство од судиските одлуки. Вардар успеа да дојде до израмнување во 70-тата минита со гол кој беше спорен. Се постави прашањето дали топката со целиот свој обем ја помина гол-линијата од голот на охриѓани. Колку за потсетување, на македонските терени се уште не се користи ВАР-системот.

Сепак, судиите го признаа голот, па домашниот тим продолжи со мечот, по неколку минути си заминаа што наиде на големо задоволство на домашната публика.

Фудбалерите на Вардар останаа на терен во очекување на разврска. Сепак наскоро и тие го напуштија теренот, па се очекува службено да ги освојат бодовите на тешкото гостување.

Во продолжение можете да ги погледнете спорните моменти од натпреварот на стадионот „Билјанини извори“.

Против Воска Спорт која го напушти теренот ќе се поднесе и барање за покренување на дисциплинска постапка и тимот го чекаат уште санкции освен службениот пораз.

Слични содржини