Кошаркарската репрезентација на Србија вчера го совлада Кипар во подготвителен меч, со резултат 122-55, а селекторот Светислав Пешиќ ги одмораше најголемите ѕвезди на државната екипа.
И токму најголемата ѕвезда на Србија, Никола Јокиќ, се најде во центарот на вниманието, иако не играше, туку од клупа го гледаше мечот. Сепак, за да влезе во салата, мораше да ја мине процедурата како и секој друг човек што го гледаше натпреварот.
Иако не најпознатиот кошаркар од Србија, туку и еден од најславните мајстори под обрачите, вработената во обезбедувањето на салата „Спирос Кипријану“ му побара да се идентификува. ФИБА ги поздрави потезите и на двајцата.
Shoutout to both the steward & Nikola 🙌 #EuroBasket pic.twitter.com/cMOllr8Klc
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) August 10, 2025