Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, денеска изјави дека земјата нема да им дава визи на претставници на ОН по изјавата на генералниот секретар Антонио Гутереш, која се чини дека ги оправдува бруталните напади на Хамас врз Израел.
„Поради неговата изјава, одбиваме да им издаваме визи на претставниците на ОН. Веќе одбивме да му дадеме виза на потсекретарот за хуманитарни прашања Мартин Грифитс. Дојде време да им одржиме лекција“, изјави амбасадорот Ердан за Израелското воено радио.
António Guterres: "it is important to also recognise the attack by Hamas did not happen in a vacuum. The Palestinian people have been subjected to 56 years of occupation.. their people displaced & their homes demolished. Their hopes for a political solution.. have been vanishing" pic.twitter.com/zcnYiCXgHi
— Saul Staniforth (@SaulStaniforth) October 24, 2023
„Исто така, важно е да се признае дека нападите на Хамас не се случија во вакуум“, рече Гутереш на синоќешниот состанок на Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и Хамас која избувна по ненадејните напади на израелските гранични пунктови, во кои загинаа најмалку 1.400 луѓе, а огромното мнозинство од нив беа цивили.
„Страдањето на палестинскиот народ не може да ги оправда ужасните напади на Хамас. Тие страшни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ“, објави Гутереш на X.
Речиси 5.800 Палестинци се убиени во израелското одмазднички бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната.