📽 Авион влетал во големи турбуленции: „Заборавете ги безбедносните појаси, легнете на подот“

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Патниците на авионот на „Аерофлот“, кој полетал од Петропавловск-Камчатски до Москва, долго ќе го паметат 25 ноември 2023 година.

Боингот 777-300 влетал во големи турбуленции над северните планини на Урал, а меѓу луѓето настанала паника.

Очевидци велат дека авионот нагло почнал да се тресе. Среде хаосот, една жена која се враќала од тоалетот на своето седиште паднала на подот и си ја повредила главата.

На социјалните мрежи кружат снимки од авионот на кои се гледа како се тресе леталото и паничната реакција на луѓето.

На патниците прво им било наложено да ги врзат појасите, а потоа да легнат на подот, јавува BNN.

По слетувањето во Москва, на повредениот патник лекарите му укажале помош.

Слични содржини