📽 Цивили бегаат од северот на Газа: Покрај тенковите со кренати раце и бели знамиња

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Се повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликт на северот на Појасот Газа, бидејќи израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Во вторникот побегнале околу 15.000 луѓе, во понеделникот околу 5.000, а во неделата 2.000.

Израелската армија ги повикува Палестинците да се преместат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин.

Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе.

Некои од нив рекоа дека морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења.

Други рекоа дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња.

Густо населениот северен дел на Газа, особено главниот град и околните бегалски кампови, се во фокусот на израелските напори да го уништи Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Појасот Газа веќе 16 години.

Војната, која започна пред еден месец, беше предизвикана од ненадејните напади на Хамас во јужен Израел во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили.

Слични содржини