📽 Црна Гора под чад од многуте пожари, загина војник, негов колега е тешко повреден

од desk2
12 прегледи

Во екот на туристичката сезона, плажите на Црна Гора се непријатно место, поради чадот од многубројните пожари што беснеат од југот до северот на земјата. Најтешка е ситуацијата кај главниот град Подгорица, како и во некои области на брегот, јави ББЦ.

Голем број пожарникари и доброволци се вклучени во справувањето со огнената стихија, а помош стигна и од Србија и Хрватска.

Во борбата со пожарите кои тешко се зауздуваат, загина еден војник, а друг е тешко повреден и е примен во Клиничкиот центар на Црна Гора, Цистерна за вода со која управувале, се слизнала и паднала низ стрмната падина до патот.

Загина војник вклучен во гаснењето на пожарите во Црна Гора

На црногорските пожарникари им помагаат хеликоптер испратен од Србија и „Канадер“ – специјализиран противпожарен авион што стигна од Хрватска, јави ББЦ. Малку подоцна канадерот беше вратен во Хрватска, а помош стигна од Италија.

Освен во околината на главниот град Подгорица, многу е тешка ситуацијата и кај познатите одморалишта Чањ и Буљарица. Силниот ветер и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарите кои избија вчера а денеска се ширеа.

(Видео на Радиотелевизија Црна Гора)

Полицијата најави дека ќе го засили набљудувањето од воздух, како и дека ќе воведе поостри мерки за оние што намерно предизвикуваат пожари. Во изминатите два месеца биле уапсени шест лица за кои полицијата се сомнева дека ги предизвикале тогашните пожари.

Најновите пожари кај Подгорица избија завчеравечер и дивееја и вчера.

(Видео на Радиотелевизија Црна Гора)

Пламената стихија вчера и денеска стигна и до некои предградија на Подгорица – Пипери, Ѓурковиќ и Рогаме, при што има изгорени куќи и придружни објекти, а неколку семејства беа евакуирани. Нема повредени, но има голема материјална штета.

Слични содржини