Пејачката Доли Партон (77) покажа дека има големо срце и му исполни желба на мажот ЛеГранд Голд. Како што пренесува USA Today, тој боледува од рак на дебелото црево, а лекарите му рекле дека терапите повеќе не функционираат.
Затоа тој направил листа на работи што сакал да ги направи пред да биде предоцна. Меѓу нив била и желбата да се запознае светската легенда Доли и таа желба му беше исполнета.
Доли Партон му се јави преку видео повик. Неговата сопруга ѝ кажала дека на ЛеГранд му се допаѓа прекарот Ел Џи, па пејачката така и му се обрати.
„Здраво, Ел Џи. Ова е Доли Пи! Како си?“, му рече таа на почетокот.
„Слушнав дека си мој голем обожавател долги години, сакав само да ти се заблагодарам за тоа“, додаде Доли.
„Многу сум среќна што заедно ќе пропатуваме дел од нашето животно патување. Отсекогаш сум сакала да ги усреќам луѓето со мојата музика и работите што ги кажувам, и многу сум среќна што на некој начин го допрев твојот живот. Ти благодарам што ми даде таква чест“, му рече таа.
„И мене ми е чест“, одговорил Голд.
„Многу ми помогна, особено во последните неколку години“, додаде тој, а Доли запеа на крајот.