📽 Драматична снимка: Воз разнесува комби кое се протнало зад рампата

од desk2
60 прегледи

Минатиот петок воз со голема брзина удри во комби на железнички премин во Вола Филиповска во Полска, близу Краков. Надзорните камери ја снимиле несреќата во која за среќа никој не е повреден.

На снимката се гледа товарно комби кое се обидува да го мине железничкиот премин и покрај вклучените црвени светла. Не успева во тоа, рампите се спуштаат и возачот почнува да маневрира во возилото за што помал дел од него да биде изложен кај шините.

Во далечината се слуша возот кој свири. Неколку секунди подоцна удира во задниот дел на комбито. Потоа, додека возот јури, комбито се одбива од рампата и завршува покрај патот.

Возачот на комбито е неповреден.

Полската полиција го објави видеото за да алармира за опасностите на железничките премини и за почитување на сигнализацијата.