📽 Фатен џиновски отровен пајак – најголем кој некогаш бил евидентиран

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Во Австралија пред неколку дена е фатен џиновски отровен пајак долг 7,9 сантиметри.

Смртоносниот џиновски пајак, наречен Херкулес, е пронајден на околу 80 километри северно од Сиднеј и првично бил пренесен во локална болница, се вели во соопштението на австралискиот парк за рептили.

Експертите за пајаци успеале да го фатат, а набрзо сфатиле дека се работи за најголемиот машки пајак досега, долг дури 7,9 сантиметри. Пајаците од овој вид таму обично се долги од еден до пет сантиметри, женките се поголеми, но не толку смртоносни.

Дождливото и влажно време создало идеални услови за развој на овие пајаци. Тие претежно живеат во шумски области и бавчи во предградијата на Сиднеј, најголемиот град во Австралија, до Њукасл на север и Сините Планини на запад од земјата, наведе CBS News.

Заробените пајаци се молзат за да се извлече отровот неопходен за производство на спасувачки противотров. Од почетокот на оваа програма во 1981 година, нема фатални случаи на каснувања од овој вид пајак.

Слични содржини