Медведев: Зеленски ќе биде згмечен со папуча како пајак кога ќе дојде време

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Американците безмилосно ќе го згмечат украинскиот претседател Володимир Зеленски кога ќе се „изнаиграат“ со него, како со експериментален инсект, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев на каналот Телеграм.

„Американските ентомолози навистина сакаат експерименти врз инсекти. Нивната национална забава е да ставаат различни видови пајаци во тегла и да ги гледаат како се јадат едни со други со нескриено задоволство“, напиша тој.

„Порано или подоцна, набљудувањето на инсектите станува бескрајно досадно. Потоа се ставаат на диета и се следи растот на агресијата. Тогаш овие мали отровни суштества особено агресивно бодат и го растргнуваат сопствениот вид. Секако, преживува оној што е похрабар, посилен и подебел“, нагласи политичарот.

„А што е со овој најважен господар пајак, кој се здебелил на сметка на крвта и месото на своите членови? Што ќе се случи со него, со победникот? Ако ентомолозите се обложиле на него, се разбира. На крајот, тој допрва ќе биде безмилосно смачкан со папуча кога ентомологот ќе се изнаигра со него“, објасни Медведев.

Слични содржини