Ѓорѓе Давид одржа прес-конференција по сообраќајната несреќа во Северна Македонија, во која усмрти жена по судир на автопат.
Рокерот се појави во црно, видно потиштен и скршен и проговори за несреќата која се случи неодамна.
Откако јавно се обрати до семејството на жртвата, тој објасни како изгледало сè.
„Претходниот ден се беше прекрасно. Концерти, времето, бев многу среќен. Тој ден во сабота тргнавме од Гевгелија и почна ненормално невреме. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе и јас тргнавме околу 8:30 навечер кон Белград. 2400 м пред граница се случи тоа што се случи. Девојката влезе на спротивната лента од автопатот и сигурно возеше километар и пол каде се судри со автомобил голф каде сите беа повредени. Возачот на голфот се бори за живот. Мајката на девојчето од тотален шок излегла на патот, јас од снопот светлина кој ми доаѓа од десна страна, гледам дека влегувам во тотален мрак – долга кривина десно, во тој момент налетувам на облаци, магла, патот е влажен, тука ја намалувам брзината, стискам на кочница и во еден момент само ми се чинеше дека нешто не е во ред. Беше црн мрак. Ги вклучив долгите светла и тоа беше една секунда“, изјави Ѓорѓе Давид во еден здив и додаде:
„Во тој момент морам да ја притиснам сопирачката, свртев десно за да се симнам од автопат за да пропуштам се пред мене и во тој момент забележувам сино-бел капут и го удрив и исчезна. Десет метри подолу кога колата застана со рамо ја отворив вратата, се искачив на патот и тоа што го видов беше страшно. Дојде брзата помош, носи човек на кој главата и градниот кош му се отворени. Мислев дека е лицето кое го удрив. Меѓутоа, ми рекоа дека тоа е друго лице. Жената која ми ја лечеше исекотина во итната помош ми кажа дека сум удрил жена и дека таа е мртва“.