📽 Град Скопје со дрон ќе ги „лови“ камионите кои истураат смет во Визбегово

од Stefanija Kuzmanovska

Град Скопје со своите служби откри уште една голема дива депонија на територија на градот, овој пат со помош на дрон.

Градоначалничката Данела Арсовска преку видео испратено до медиумите истакна дека за ваквите загадувања на градот, ќе следува и кривичмна одговорност од загадувачите.

„Ставаме крај на неказанивоста, ставаме крај на екоцидот кој го вршат поединци на грбот на здравјето на мнозинството, со цел да заработат некој денар повеќе загрозувајќи го животот и здравјето на македонските граѓани, и уништувајќи ја животната средина.

Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија која со децении ги труе скопјани.

Депонијата се наоѓа во населба Визбегово каде нашите инспектори на лице место затекнаа камиони и тешка механизација како истура токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира.

Она кое што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода.

За крај им се обраќам на сите оние кои што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите“, објави Арсовска на својот Фејсбук профил.

Слични содржини