📽 Израелската армија влезе во Појасот Газа: „ИДФ погодија голем број терористички ќелии“

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, објавија видео од ноќниот упад на тенкови во Појасот Газа.

Видеото беше објавено на официјалниот профил на ИДФ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).

Дронови цело време ги снимале акциите на тенковите, како и воздушните напади кои служеле како поддршка.

На снимката е прикажано како тешка градежна механизација ја пробива оградата која го дели Израел од Појасот Газа и го отвора патот за влез на тенкови.

„Како дел од подготовките за следните фази од борбата, ИДФ изврши операција во северниот дел на Појасот Газа. Тенковите и пешадијата на ИДФ погодија голем број терористички ќелии, инфраструктура и позиции за лансирање на противтенковски ракети“, се вели во објавата во која е објавено и видеото.

Во неа се додава дека „војниците во меѓувреме ја напуштиле областа и се вратиле на израелска територија“.

На крајот од видеото, всушност можете да видите како тенковите се враќаат во Израел.

Слични содржини